Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Од:

Вооружени напаѓачи отвориле оган во продавница во општина Хуичилац во централната мексиканска држава Морелос, при што убиле најмалку осум лица, соопштија регионалните обвинители.

Нападот на продавницата се случил синоќа, јавија мексиканските медиуми, додавајќи дека непознати мажи со автоматски пушки од два автомобили отвориле оган, а потоа избегале.

Се верува дека зад нападите стојат нарко картели кои изнудуваат пари од претприемачи и на овој начин се справуваат со оние кои не сакаат да платат.

Сличен напад се случи и во Морелос на 6 мај, кога беа убиени шест лица.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски