Најмалку две лица загинаа во Франција кога туристички автобус се судрил со помал камион.
Загинале возачите на двете возила.
Пет лица се повредени, од кои две потешко.
Во автобусот имало над 50 лица, повеќето ученици од Германија на возраст од 15-17 години.
Несреќата се случила синоќа на автопатот А6, во реонот на градот Флеронвил, департман Сон е Лоар.
Засега не се познати причините за несреќата.
Автобусот патувал од Германија за Шпанија.