Најмалку две лица убиени во престрелка во ресторан во Шведска

Од:

Неколку лица се повредени во престрелка во ресторан во југозападниот шведски град Гетеборг доцна синоќа, соопшти полицијата.

Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави дека се убиени најмалку две лица, јави ДПА.

Спорeд полицијата во престрелката е користено автоматско оружје. Во тек е истрага за инцидентот. Засега не се објавени повеќе детали.

Престрелката се случила во предградие на вториот по големина град во Шведска, каде се регистрирани случаи на насилство поврзано со криминални банди, истакна портпаролката на полицијата, додавајќи дека е рано да се прават претпоставки за мотивите.

– Апсолутно ништо не наведува на тероризам, истакна портпаролката на полицијата.

Според очевидци двајца мажи влегле во ресторанот и отвориле оган од автоматско оружје.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица