Најмалку девет лица загинаа, а 22 се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад врз полициски пункт во централен Ирак, соопштија ирачки претставници.
Нападот се случил јужно од Багдад, а полицијата прецизира дека станува збор за експлозија на автомобил-бомба во која загинале петмина полицајци и четворица цивили.
Болнички извори потврдија дека повредени се 22 луѓе, како и оти настрадале најмалку девет лица.
Во серија напади вчера во Ирак загинаа најмалку 19, а повредени беа 50 луѓе.