Најмалку десетина повредени во два потреса во Јапонија

Од:

Најмалку десет лица се повредени во двата денешни потреса на северот од префектурата Нагано, во Јапонија, што беше погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, јавија агенциите.

Според информациите на телевизијата НХК, луѓето се повредени во селото Хакуба, кога врз нив се урнале пет куќи.

Претпоставка е дека под урнатините се уште се наоѓаат четири лица, додека едно е извлечено.

Постојат и информации за дефекти на водоводната мрежа и системот за греење во ова и во соседното село Огава, пренесоа руските медиуми.

Претставник на главната метеоролошка упрапа во Јапонија соопшти дека уште една недела може да се очекуваат дополнителни потреси.

Претходно агенциите го пренесоа соопштението на јапонската метеоролошка агенција за силен потрес во префектурата Нагано и околните области во централниот дел на оваа островска земја.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри, наведе ТАСС, повикувајќи се на јапонските медиуми.

Подземните потреси се почувствувале во вкупно 27 префектури, вклучувајќи го и регионот на главниот град.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови