Најмалку десет лица загинаа, а седум се повредени при уривање на осумкатница изутринава во предградие на Каиро, соопшти полицијата.
Спасувачките екипи трагаат за преживеани под урнатините, а властите евакуираа и неколку други околни згради.
Според првичните информации, причина за уривање на зградата е недозволената доградба на неколку дополнителни кратови над оригиналниот градежен план.
Во Египет се чести ваквите несреќи, поради лошиот квалитет на изградба во посиромашните населби и делови од земјата.