Најмалку десет загинати при уривање на грчки Ф-16 во Шпанија

Од:

Најмалку десет лица загинаа, а 13 се повредени, откако грчки воен авион Ф-16 се урна за време на воена вежба на НАТО во Шпанија, соопшти портпаролот на шпанското Министерство за одбрана.

Седум од повредените се во критичка состојба. Засега не е потврден индентитетот ниту националноста на жртвите.

На местото на несреќата се наоѓаат голем број противпожарни возила, кои се обидуваат да го изгаснат настанатиот пожар.

Според шпанскиот информативен сајт abc.es, до несреќата дошло откако пилотот извршил погрешен маневар за време на полетувањето, поради што авионот паднал, по што експлодирал на пистата на военовоздухопловната база „Лос Лјанос“ во Албасете, југоисточна Шпанија.

Авионот паднал врз хангар во военовоздухопловната база.

– Авионот се урна во близина на останатите авиони, соопштено е од шпанското Министерство за одбрана.

Шпанската база се користи за вежба на НАТО, во која учествува и Грција.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата