Најмалку десет лица загинаа, а десетици се повредени во стампедото, кое се случи во еден хинду храм во централна Индија, соопштија денеска индиските власти.
– Стампедото изби рано изутринава околу 5:30 часот, при што загинаа пет мажи и пет жени. Местото и натаму е мошне хаотично, но полицијата и возила на брза помош се на местото на настанот, изјави претставникот на полицијата, Винај Кумар Синг.
Стотици верници се собраа рано изутрината во храмот Камтанат Пахад на светото брдо Камадгири во областа Читракуту, во државата Мадја Прадеш, на 520 киломери од главниот град на оваа индиска држава, Бопал.