Најмалку четири лица загинаа, а 56 се повредени во налет на тајфун што погоди 18 префектури во западниот дел ја Јапонија.
Повеќе железнички линии во префектурата Осака се во прекин, а од обилните дождови погодени се околу 500.000 луѓе.
Тајфунот Нангка во четвртокот ја погоди јужна Јапонија и на островот Шикоку имаше обилни врнежи од дожд и силен ветер.