Ирачките власти соопштија дека во денешната експлозија на бомба во еден парк во градот Зубејдија, загинаа четири луѓе, од кои две деца.
Во инцидентот повредени се 16 лица, меѓу кои има и жени и деца. Бомбата експлодирала во време кога многу семејства во паркот го прославувале муслиманскиот празник Еид ал-Фитр, на крајот од светиот месец Рамазан.
Во текот на овогодинешниот Рамазан во Ирак во бомбашки напади загинаа 671 човек, најголем број жртви од 2007 година.