Најмалку четри лица се повредени во експлозии на четири бомби, кои биле активирани една по друга на три метро станици утрово во Каиро, соопшти египетската полиција.
Една бомба експлодирала на станицата Гамра во центарот на Каиро, а другите во предградијата.
Нападот се случи речиси еден месец откако поранешниот шеф на армијата Абдел Фатах ал Сиси, кој раководеше со соборувањето на Мохамед Морси, е избран за претседател на Египет.