Најмалку четири луѓе се убиени и повеќе од 35 ранети во центарот на Багдад кога полицијата отвори оган за да растера антивладини протести.
Судирите се случиле во близина на мостот Шухада.
Бран антивладини протести има во Багдад и јужните провинции на државата. Протестите се продолжување на демонстрациите организирани поради економско незадоволство во почетокот на октомври.