Најмалку четири лица загинаа во снежната бура Филимена во Шпанија

Од:

Најмалку четири лица загинаа во снежната бура Филомена во Шпанија, а сообраќајот е парализиран во некои делови на земјата.

Војската и спасувачките служби извлекоа 1.500 луѓе од автомобилите што останаа завеани на патиштата.

Маж и жена се удавија во река кога автомобилот им потонал во надојдената вода во близина на Малага, додека на истокот од земјата бездомник почина од смрзнување. Четвртата жртва е пронајдена во Мадрид, под големо количество снег.

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба.

– Се соочуваме со најсилното невреме во последните 50 години, рече тој.

Снегот парализира повеќе од 650 патишта, а некои возачи се завеани во автомобилите.

Училиштата и универзитетите во Мадрид ќе бидат затворени до среда, а аеродромот не е отворен од синоќа. Најмалку 50 летови се откажани.

Одложени се и фудбалските натпревари, вклучувајќи го и денешното дерби Примера Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао.

Мадрид е погоден од најсилната снежна бура од 1971 година, соопшти метеоролошката агенција.

Во главниот град на Шпанија падна снег меѓу 25 и 50 сантиметри.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата