Најмалку четири лица се повредени синоќа откако засега непознат напаѓач отворил оган врз случајни минувачи во шведскиот град Трелеборг.
Локалните медиуми објавија дека повредените биле веднаш хоспитализирани и започната е голема полициска акција.
– Најмалку две лица се повредени од огнено оружје, а останатите можеби имаат друг вид на повреди, истакна Фредрик Брат, портпарол на полицијата.
Полицијата потврди дека четворицата повредени се мажи, а овој случај не го поврзува со тероризам.
Првично било само потврдено дека им било јавено оти е отворен оган, а по пристигнувањето на местото на инцидентот забележале неколку повредени лица.
– Се слушнаа многу истрелани куршуми. Видовме како трчаат надвор, истакна очевидец.
Цело централно подрачје во градот е блокирано. Полицијата им дозволува приод само на амбулантни возила. на местото на нападот се наоѓаат и форензичари, како и специјални единици кои користат обучени кучиња.