Најмалку 93 лица загинаа во земјотресот во јужниот дел на Филипините

Од:

Најмалку 93 лица загинаа во силниот земјотрес, со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала, кој денеска го погоди јужниот дел на Филипините, соопшти филипинската агенција за отстранување на последниците од природни непогоди.

На островот Себа загинаа 15 лица, на соседниот остров Бохол 77, додека еднои лице загина на островот Сикихор.

Најголем број загинати има во гратчето Лун, каде засега непознат број пациенти се наоѓаат под урнатините на една болница, а спасувачките екипи настојуват да ги извлечат. Билансот на жртвите би можел да се зголеми, соопштуваат филипинските власти, кои ги проценуваат материјалните штети во најтешко погодените делови на Бохол, каде патиштата се неопроодни, а дотокот на струја е во прекин.

Земјотресот се случи изутрината во близина на Балилхан, гратче со околу 18 илјади жители на Бохок, со епицентар со длабочина од 20 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава