Најмалку 77 лица загинаа синоќа кога воз излетал од шините на влезот во станицата во шпанскиот град Сантјаго де Компостела. Во несреќата повредени се 143 лица.
Овие податоци ги соопшти регионалниот суд на Галисија, напоменувајќи оти тие се уште не се конечни. Во возот се наоѓале 222 лица.
Пет лица се во кома, од кои 15-20 се во тешка состојба. Несреќата се случила синоќа во 20.42 часот по локално време.
Се работи за линија која ги поврзува Мадрид и Ферол, на северот на земјата. Телата кои се расфрлани се прекриени со ќебиња. Екипите за итна помош и пожарникарите се наоѓаат на местото на несреќата.
Сведоци опишале ужасни сцени, а некои тврдат дека слушнале силна експлозија.
Возот со патници излетал од шините на остра кривина. Еден од вагоните се запалил, Спасувачите се обидуваат од превртените вагони да ги извлечат преживеаните.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе допатува денеска на местото на несреќата.
Според локални медиуми, меѓу главните причини за несреќата е големата брзина на возот. Истрагата се уште е во тек.
Ова е една од најголемите трагедии во историјата на железничкиот сообраќај во Шпанија.