Најмалку 76 лица загинаа, а над 90 се повредени во поплавите предизвикани од поројни дождови во североисточниот дел на Кина.
Властите на градот Фушун денеска прогласија Ден на жалост. Сите планирани за денеска јавни активности се откажани.
Според градоначалникот на Фушун Луан Цинвеј ова е најтешката поплава во градот во изминатите неколку децении.
Во централната провинција Хенан од тајфунот „Трами“ погодени беа 361 илјада лица, а околу 31 илјада се евакуирани.