Најмалку 67 жртви во протестите во Ирак

Од:

Најмалку 67 Ирачани се убиени, а стотици повредени во судирот со безбедносните сили за време на вториот ден од антивладините протести, соопштија денеска безбедносни извори.

Во обид да го смири насилството, премиерот Абдул Махди им нареди на членовите на Антитерористичката единица (ЦТС) да излезат на улиците на Багдад и градот Насирија во јужен Ирак.

Безбедносните извори соопштија дека на членовите на единицата им било наредено „да ги користат сите неопходни мерки“ за да го прекинат протестот.

Околу полноќ, членовите на ЦТС ги презедоа контролните пунктови околу плоштадот Тахрир и тргнаа да ги растераат демонстрантите, при што употребија солзавец.

Членовите на ЦТС, исто така, ги прекинаа протестите во Насирија, каде беа уапсени десетици луѓе.

Демонстрациите против корупцијата и тешката економска состојба во Ирак продолжија во петокот.

Пред судирите пред две недели меѓу безбедносните сили и демонстрантите загинаа 157, а повредени се повеќе од 6.000 лица.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак