Најмалку 57 лица загинаа, а 59 се повредени во големиот шумски пожар, кој изби во централниот дел на Португалија, во Педрогау Гранде, соопштија португалските власти.
Најголем дел од загинатите починале во обид од згрозеното подрачје да заминат со автомобил.
Околу 600 пожарникари и 160 противпожарни возила од вчера попладне се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, која се прошири на неколку фронтови.
Португалскиот премиер Антонио Коста изјави дека ова е најголемата трагедија, што ја погодила Португалија изминатите години.
Тој изјави дека бројот на загинати може да се зголемува и оти приоритет е да се спасат сите оние кои се уште се наоѓаат во опасност.
Секретарот во Министерството за внатрешни работи, Хорхе Гомес изјави претходно дека 22 лица изгореле во своите автомобили, три лица се задушиле, а од 16 повредени, меѓу кои и петмина пожарникари, две лица се здобиле со тешки повреди.
Пожарот им се заканува на неколку населби во областа. Пожарот избувнал во близина на Педрогау Гранде, на околу 200 километри од главниот град Лисабон, вчера околу 15 часот по локално време (14 часот по Гринич).
Температурите во многу области на Португалија се искачија над 40 степени Целзиусови.