Министерството за здравство на Египет соопшти дека во судирите што денеска почнаа во Каиро, досега загинале 56 луѓе и 526 се ранети.
Би-Би-Си и дел од западни медиуми јавија за над 40 жртви, други за 30 додека американски медиуми јавуваат за над 15 загинати.
Во зависност од изворот, медиумите кои имаат известувачи во Каиро тврдат за најмалку 15 односно 500 загинати и приведени над 9.000 луѓе.
Муслимански браќа наведува дека животот го загубиле повеќе од 500 демонстранти додека приведени се над 9.000.
Засега нема потврда за информациите.
Еден од лидерите на Муслимански браќа, Мохамед ел-Белтаги тврди дека се убиени над 300 луѓе. Извор од силите за безбедност тврди дека се уапсени над 200 луѓе меѓу кои и лидери од Муслиманско братство. Приврзаници на Морси тврдат дека полицијата коритела боева муниција, додека МВР на Египет тоа го демантира. Армијата не учествуваше директно во акциите, но обезбедуваше и надгледуваше места на судири.