Најмалку 51 загинат во судири во Египет

Од:

Најмалку 51 лице загинаа синоќа во судири меѓу египетските безбедносни сили и приврзаници на сменетиот исламистички претседател Мохамед Морси во повеќе градови ширум Египет.

Најголемиот број од жртвите загинале во неколкучасовните улични суридир во Каиро, каде демонстрантите пукале и фрлале Молотови коктели врз полицијата, која возвратила со  истрели од огнено оружје и солзавец.

Медиумите оценија дека многу делови на египетскиот глевбен град наликувале на вистински воени зони. Според државната агенција МЕНА, во судирите се повредени 246 лица.

Во одделни случаи, со приврзаниците на Морси се судриле и групи на луѓе кои ја поддржуваат војската.

Приврзаници на Морси и на неговото движење Муслиманско братство вчера излегоа на улиците низ повеќе египетски градови, протестирајќи поради, како што велат, воениот удар со кој исламистичкиот лидер беше сменет од власта, Во исто време, илјадници луѓе излегоа да ја одбележат 40-годишнината од почетокот на Арапско-израелската војна (војната на Египет и Сирија против Израел) од 1973 година.

Покрај во Каиро, поголеми судири имало и во Александрија, Суец и Делга.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро