Два патнички воза се судрија изутринава во Швајцарија во близината на станицата Неухаусен ам Рхеинфал, северно-источна Швајцарија во близината на границата со Германија, според првичните информации има над 50 повредени.
Несреќата се случи изутринава околу 7 часот и 30 минути, во моментот кога двата воза беа полни со патници и локомотивата на двокатниот воз излегла од шините, при што удрила во возот кој сообраќал од другата страна, јави дописникот на МИА.
Едниот воз доаѓал од Шафхоусм, додека другиот од Винтертур. Според фотографиите, кабината на машиновозачот е целосно уништена. Причината за несреќата не е позната, а за евакуација на повредените се ангажирани 220 спасувачи. Евакуацијата на патниците е отежната, посебно од возот со два спрата.