Најмалку 48 луѓе загинаа во поплавите во западна Индија

Од:

Најмалку 48 луѓе загинаа во монсунските дождови и поплавите што во последните две недели го погодија западниот дел на Индија, соопштија денеска локалните власти.

Во Раџастан, каде се наоѓаат голем број популарни туристички дестинации, во најмалку четири окрузи улиците се претворени во реки, поради што десетина илјади луѓе се заглавени на горните катови на станбените згради. Поради надојдената вода отежнати се и операциите на спасувачките екипи.

Во индиската држава Раџастан до денеска загинаа 19 лица, а во соседната држава Гуџарат најмалку 29 луѓе го загубија животот во поплавите.

Индиската метеоролошка служба предвидува обилни дождови во двете држави до крајот на неделата.

Од почетокот на сезоната на монсунските дождови во Индија, која трае од јуни до септември, до сега загинаа вкупно 83 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати