Најмалку 47 загинати за време на новогодишна прослава, Швајцарија e во шок

Од:

Најмалку 47 лица загинаа, а 115 се повредени во пожар што се случи на новогодишната ноќ во бар во познатиот скијачки центар Кранс-Монтани во југозападна Швајцарија.

Пожарот во барот Ла Констелашн избувна вчера во 1.30 часот наутро.

Властите потврдија дека во барот имало луѓе од различни националности.

Главниот регионален обвинител истакна дека властите го третираат случајот како пожар и дека е исклучена можноста за напад.

Швајцарскиот претседател Пармелин изјави дека ова е „една од најлошите трагедии што се случиле во земјата“.

Италијанското Министерство за надворешни работи објави дека 16 италијански државјани се водат како исчезнати, а меѓу 12 и 15 се згрижени во болница. Француските медиуми објавија дека меѓу повредените има најмалку двајца француски државјани.

Би можело да ве интересира

Швајцарија воведува нов данок: Веќе нема бесплатно

(ВИДЕО) Се урна гондола во швајцарски скијачки центар – еден патник загина

А1он

Градоначалникот на Кран-Монтана е меѓу осомничените за пожарот во кој загинаа на 40 луѓе

Трамп: Воведов царини за Швајцарија затоа што не ми се допадна тонот на премиерката

ЗОИ 2026: Женскиот хокеарски тим на Швајцарија во изолација поради норовирус

Горан Наумовски

Стасис од WEF26: Енергетска и технолошка трансформација во пракса – како ППЦ се развива во Powertech Групација

Горан Наумовски