Најмалку 47 луѓе се убиени денеска во различни напади во Ирак. Повеќе од 33 лица загинаа, а околу 100 се повредени при експлозии на автомобили-бомби во седум квартови на Багдад, населени главно од шиити.
Нападите, кои очигледно биле координирани, се извршени околу 18:00 часот по локално време, кога локалните жители пазареле или си оделе кон своите домови на вечера.
Во други напади во престолнината и други ирачки градови биле убиени уште девет лица.
Пред шест дена во друга серија бомбашки напади во Багдад и околината загинаа околу 70 луѓе.
Само во последните пет месеци во Ирак се убиени над 4.000 лица при различни инциденти. Тоа го зголемува стравот од враќање на меѓуверското насилство меѓу шиитите и сунитите, кое го зафати Ирак по почетокот на воената операција на САД, посебно во периодот 2006-2007 година.