Најмалку 43 загинати во самоубиствен напад во Јемен

Од:

Најмалку 43 лица загинаа денеска при самоубиствен бомбашки напад во центарот на јеменскиот град Сана.

Цел на нападот биле приврзаници на шиитските бунтовници Хуси, кои имаат контрола врз јеменската претстолнина, соопштија медицински извори.

Претходно, телевизија контролирана од бунтовниците јави дека во нападот загинале 32 лица, а десетина се ранети.

Експлозијата се случила во близина на контролен пункт на  плоштадот „Тахир“, додека приврзаниците на шиитските бунтовници се собирале за протестен митинг.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен