Најмалку 40 загинати во бомбардирањата на два јеменски острови во Црвено Море

Од:

Најмалку 40 лица, вклучувајќи и неколку рибари, погинаа во текот на изминатата ноќ во бомбардирањата на коалициските авиони, предводени од Саудиска Арабија, врз два јеменски острови во Црвено Море, јавија британските медиуми, повикувајќи се на локални жители.

Еден од жителите изјавил дека цел на хеликоптерите и воените бродови на коалицијата во петокот вечерта биле воените локации на шитските бунтовници Хуси, и силите лојални на поранешниот престседател Али Абдул Салех, на островите Акбан и Кадман.

Во нападите се убиени неколкумина рибари, кои живееле на овие острови, и уништени се неколку рибарски бродови, наведоа локалните жители.

Британските медиуми наведуваат дека не можеле да добијат независна потврда за бројот на жртвите, како и дека портпаролот на коалицијата не бил достапен за коментар.

Во воздушните напади на арапската коалиција во изминатите недели дури четири пати беа погодени цивилни цели, вклучувајќи ги и сватовите на една свадба, организирана на 28 септември, кога погинаа 131 лице.

Во Јемен бесне вооружениот судир во кој, од една страна учествуваат Хусите од движењето „Ансар Ала“ и дел од војската лојална на Салех, а од втора страна е војската на актуелниот претседател Абдрабу Мансур Хади.

Коалицијата од арапски земји, со Саудиска Арабија на нејзино чело, го поддржува Хади, кој беше прогонет во Ријад, а во земјата се врати во септември и сака да ја обнови неговата власт.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа