Најмалку 40 лица, главно мирни жители загинаа во два воздушни напади во Јемен

Од:

Во два денешни воздушни напади во Јемен загинаа најмалку 40 лица, од кои повеќето се мирни жители. Десетици други се ранети, информираа медицински извори, цитирани од британските медиуми.

Еден од нападите бил изведен врз мост во централната провинција Иб додека по него минувале автомобили со членови на милицијата, соопштија локални жители. Во овој напад загинале најмалку 20 лица, главно цивили.

Вториот воздушен напад бил изведен врз зграда на силите за безбедност во градот Харад, во близина на границата со Саудиска Арабија.  Во него загинале 13 цивили и седуммина војници.

Саудиска Арабија и нејзините сунитски арапски сојузници пред еден месец ја почнаа воздушната операција во Јемен, во обид да ги ослабнат шиитските бунтовници од племето Хуси, кои се сојузници на Иран.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен