Најмалку 38 загинати во поплави во североисточна Индија

Од:

Најмалку 38 лица ги загубија животите во поплви во североисточната индиска држава Асам, по поројните дождови што го зафатија северниот дел на земјата, јави ТАСС.

Голем дел од територијата на Асам веќе втор месец е зафатена од поплави, во кои животот го загубија 38 лица, а над 1,7 милиони од околу 2.100 села останаа без своите домови.

Во спасувачките операции е вклучена и армијата. Населението од најзагрозените делови се евакуира со хеликоптери и чамци. За привремено прифаќање на евакуираните се отворени над 320 кампови, во кои се наоѓаат над 200.000 бегалци.

Под вода се над 200.000 хектари обработливо земјиште и овоштарници, а плодовите се целосно уништени.

Ова е трет силен бран поплави во североисточниот дел на Индија во овогодинешната сезона на монсунски дождови, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати