Најмалку 38 загинати во поплави и свлечишта во Јапонија

Од:

Најмалку 38 лица загинаа, а околу 50 други се водат како исчезнати по невремето проследено со јак ветер и поројни дождови, што ги погоди западните и централните делови на Јапонија, предизвикувајќи поплави и лизгања на земјиштето.

Властите соопштија дека поголемиот дел од исчезнатите лица најверојатно ги однеле надојдените води, додека за останатите се претпоставува дека се наоѓаат под наносите од кал предизвикани од свлечиштата кои затрупа неколку куќи во префектурите Кјото и Хирошима.

Поради поплавите и лизгањата на земјиштето сообраќајот е во прекин на повеќе патни правци, а околу 1,6 милиони лица биле принудени да ги напуштат своите домови.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за невреме во четири префектури во западниот дел на најголемиот јапонски остров Хоншу, најавувајќи ризик од свлечишта, покачување на нивоата на реките и каналите и силни ветришта.

Властите им препорачаа на жителите да се придржуваат кон предупредувањата за евакуација и за брзо реагирање во случај на невреме.

Јапонските медиуми оценуваат дека западните и централите делови на Хоншу се зафатени од „историски најсилни врнежи“. Само во местото Мотојама, на околу 600 километри од Токио, за помалку од 24 часа наврнале 583 милиметри дожд.

Во операциите за помош на лицата во загрозените подрачја се вклучени околу 48.000 полицајци, пожарникари и припадници на јапонската Армија.

Поради невремето, прекинато е производството во повеќе фабрики во загрозените подрачја, вклучително и во погоните на „Мицубиши“ и „Мазда“.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови