Најмалку 38 лица загинаа денеска во 14 напади со автомобили-бомби во различни делови на Ирак.
Во неколку квартови на Багдад изутринава експлодираа девет автомобили-бомби, при што животот го загубија најмалку 29 лица, а над сто се ранети. Нападите се извршени во седум квартови, од кои пет се со мнозинско шиитско население.
Автомобил-бомба експлодира и во Махмудија, на 30 километри јужно од главниот град, при што се убиени најмалку две лица, а 25 се ранети.
Два абтомобили-бомби експлодираа во Кут, на 160 километри јужно од Багдад, каде загинаа пет лица, а 35 се ранети.
Уште два автомобили-бомби одекнаа и во Самаја, на 280 километри јужно од Багдад. Во овие напади загинаа најмалку две лица, а десетици се ранети.
Од почетокот на јули во напади во Ирак се убиени над 810 лица, а од почетокот на годината околу четири илјади.