Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините

Од:

Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти.

Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин.

Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата е невозможна во неколку градови и села, иако во тек е голема операција за чистење.

Тајфунот Раи во петокот ги погоди Филипините, при што ветерот достигна брзина од 195 километри на час, а во саботата се оддалечи кон Јужното Кинеско Море.

Многу луѓе загинаа при паѓање на дрвја, уривање на ѕидови и лизгање на земјиште.

Илјадници бавреме беа евакуирани од селата во ризичните области, со што се спречи бројот на загинати да биде значително поголем.

Тајфунот погоди околу 700.000 луѓе, од кои 400.000 се префрлени во засолништа.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Рапидно се зголемува бројот на жртвите на тајфунот „Јаги“

Горан Наумовски

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми