Најмалку 37 загинати при напад во воена база во Јемен

Од:

Најмалку 37 лица загинаа денеска кога бомбаш-самоубиец се разнесе меѓу група регрути во воена база во јужниот јеменски пристанишен град Мукала.

Според безбедносни извори, при нападот се повредени уште најмалку 60 други лица кои се пренесени во локалните болници.

Како што јави телевизијата Скај Њуз Арабија, бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот што го носел на појасот, додека стоел во редот заедно со регрутите.

За време на нападот во базата се наоѓал и шефот на полицијата во Мукала, генерал Мубарак ал Убтани, кој не е поврден.

Одговорност за нападот презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Ова е втор бомбашки напад во Мукала во изминативе неколку недели, откако владините сили минатиот месец ги потисна борците на Ал Каеда, кои дотогаш една година имаа контрола врз градот.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен