Најмалку 37 луѓе загинаа и над 60 се ранети во напад врз автобуси што превезувале рудари на канадска компанија во Буркина Фасо.
Конвојот бил погоден од експлозивна направа по што било пукано од напаѓачи. Пет автобуси на канадската компанија Семафо биле нападнати од заседа синоќа на околу 40 км од источниот град Бонгу.
Делови од Буркина Фасо во изминатите години се зафатени од исламско екстремистичко насилство. Канадската компанија Семафо ја засили безбедноста по минатогодишните вооружени инциденти во близина на два од рудниците во таа држава.
Автобусот имал воена придружба.