Најмалку 36 загинати при лизгање на земјиштето во Јапонија

Од:

 Најмалку 36 луѓе загинаа, а седуммина се водат како исчезнати при лизгање на земјиштето во јапонскиот град Хирошима во текот на минатата ноќта, како последица на обилните дождови што изминативе денови го погодија регионот.

Жртвите биле жители на куќи што ги зафатило свлечиштето во неколку населби во овој град во западниот дел на Јапонија.

Спасувачките екипи трагаат по исчезнатите лица за кои се претпоставува дека останале затрупани од свлечиштето.

Јапонската служба за вонредни состојби информира дека при лизгањето на земјиштето се повредени 15 лица, од кои две се наоѓаат во критична состојба.

Државната метеоролошка агенција информира дека поројните дождови во реонот на Хирошима ќе продолжат, што го зголемува ризикот од нови лизгања на земјиштето.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови