Најмалку 33 лица загинаа, а 54 беа ранети денеска во самоубиствен бомбашки напад за време на погеб во централен Ирак, соопштија претставници на властите.
Бомбашот-самоубиец се разнел меѓу присутните на гробишта во Бакуба, на 60 километри северно од престолнината Багдад.
Претходно денеска ирачките бунтовници првпат воспоставија целосна контрола над цела провинција – Ниневија, во северниот дел на земјата.