Автобус падна во реката Раџастан во Индија при што загинаа 32 лица, а 10 се повредени. До несреќата дошло кога автобусот, во тек на претекнување, ја преминал заштитната ограда на мостот.
Полицијата ја истражува причината за несреќата, а во моментов е нејасно дали возачот преживеал, ниту колку точно лица биле во автобусот.