Најмалку 31 египетски војник загинаа, а петмина други се ранети синоќа при напад врз граничен премин во југозападниот дел на Египет, јави ДПА.
При нападот животите ги загубиле и тројца од напаѓачите, кои биле вооружени со рачни противтенковски ракетни фрлачи.
Нападот бил извршен на околу 100 километри од градот Ел Фарафра во египетската провинција Вади ал Гадид.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но египетските медиуми јавуваат дека тој најверојатно е дело на организрана група шверцери која дејствува во пограничниот реон.
При напад на шверцска група во истиот реон минатиот месец, беа убиени петмина египетски војници.