Најмалку 30 нови жртви во судирите во Јужен Јемен

Од:

Најмалку 30 лица загинаа, а неколку десетици се ранети во новите судири меѓу владините сили и членовите на вооружените групи во провинцијата Лахџ, во Јужен Јемен, информира денеска телевизијата Скај њуз – Арабија, пренесе ТАСС.

Непознати вооружени лица се обиделе со препад да ја заземат зградата на филијалата на Централната банка на Јемен и на управата за безбедност во градот Лахџ, административен центар на истоимената провинција.

Од август 2014 година во Јемен се разгорува остра политичка криза, што се прелеа и во сферата на безбедноста. На крајот на јануари единици на организацијата „Ансар Алах“ (на шиитските бунтовници Хуси) ги  принудија претседателот Абд Рабу Мансур Хади и Владата да поднесат оставка. Шиитите ја презедоа власта во главниот град Сана и во неколку северни провинции. Претседателот сега се наоѓа во Аден, во јужниот дел од земјата, и продолжува да ги извршува своите претседателски овластувања и е меѓународно признат како актуелен шеф на државата, но престолнината е под контрола на Хусите, потсетува ТАСС.

Во јужниот дел на Јемен, меѓутоа, не запираат судирите меѓу силите за безбедност и борците на терористичката група „Ал Каеда на Арапскиот Полуостров“.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен