Најмалку 30 луѓе загинаа утрово во судар на два автобуси на автопатот во пустина на јужниот дел на Египет, соопштија локланите власти.
Во сообраќајната несреќа десетина луѓе се повредени.
Во Египет годишно гинат стотици луѓе во сообраќајни несреќи, првенствено се предизвикани од невнимателно возење и поради лошите патишта.