Најмалку 30 лица загинаа во поплави во северна Кина

Од:

Најмалку 30 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што ја зафатија северна Кина, соопштија денеска кинеските власти.

Како што пренесе ИТАР-ТАСС, само во автономниот регион Внатрешна Монголија досега загинаа 26 лица, а едно се води како исчезнато. Од почетокот на месецов во овој регион врнат најсилните дождови регистрирани во последните неколку години.

Четири лица загинаа кога надојдената река урна мост на автопат во североисточната провинција Лијаонинг. Инцидентот се случил на автопатот меѓу Пекинг и провинцискиот глаевн град Шенјанг. Уште три моста во реонот се во опасност од уривање.

Двајца туристи загинаа, а петмина се ранети при удар на гром во централната провинција Хубеј.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски