Најмалку 29 жртви во напади на исламистите во Јемен

Од:

Најмалку 29 лица загинаа во престрелки по неколку координирани напади на исламистите од редовите на Ал Каеда врз јеменските безбедносни сили, соопштија локалните власти.

Јеменското Министерство за внатрешни равоти информира дека во судирите во провинцијата Баида во централниот дел на Јемен, биле убиени 14 војници и 15 исламисти .

Исламистите извршиле напад врз седиште на локалните сили за безбедност, камп на специјалци, како и врз уште неколку згради на локалните власти со помош на автомобил-бомби. Јеменските безбедносни сили одговориле на нападите и ги одвратиле екстремистите во намерата да ги заземат објектите.

Јемен изминатиот период се соочува со активен огранок на Ал Каеда, што често врши напади врз цел на безбедносните сили. 

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен