Најмалку 28 загинати во поплави и одрони во Индија

Од:

Најмалку 28 луѓе ги загубија животите во полавите и одроните во североисточниот дел од Индија, предизвикани од силните дождови кои веќе два дена врнат во регионот, соопштија денеска индиски официјални претставници.

Четиринаесет луѓе загинале во сојзуната држава Мегалија, а уште 14 настрадале во соседната држава Асам, на северот од Индија.

Невремето, проследено со обилни дождови, поплави 90 села во дистриктот Гоалпара во Асам, кој е најмоногу погоден од поплавите, додека 150.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и да се евакуираат во повисоките реони.

Војниците и федералните службеници се обидуваат да му помогнат на загрозеното население, а во готовност се и воени хеликоптери, изјави шефот на локалната полиција Ананд Тивари.

Метереолозите предвидуваат пообилни дождови во северна Индија и во следните 36 часа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати