Најмалку 28 луѓе загинаа и 41 се ранети во двоен напад врз џамија во центарот на ирачкиот град Бакуба, на 60 км. северно од Багдад.
Два автомобила-бомби експлодирале во момент кога верници ја напуштале сунитската џамија Ас Салам по петочната молитва, соопшти полицијата.
Во џамијата биле поканети сунити и шиити да се молат заедно.
Во средата 30 луѓе загинаа во самоубиствен напад пред шиитска џамија во Багдад. Во изминатите недели Бакуба и околните места беа цел на голем број бомбашки напади чија цел најмногу беа шиитите.