Најмалку 26 загинати и над 30 повредени во железничка несреќа во Индија

Од:

Најмалку 26 лица загинаа, а над 30 се повредени утринава откако експресен воз излета од шини во селото Бачраван, 50 километри од Лукнов, во северната индиска сојузна држава Утар Прадеш, соопшти индиската полиција.

Главниот официр за односи со јавноста на Северната железница Нираџ Шарма изјави дека ќе биде спроведена истрага за причините за несреќата.

Индиските власти претходно објавија дека две деца загинале во железничката несреќа.

Локалното население, полицијата и работници учествуваа во спасувањето на патниците заробени во три целосно уништени вагони, што утринава излетаа во близина на селото Бачраван. Причина за несреќата може да биде грешка на машиновозачот или дефект на системот за сопирање.

Железничките несреќи во Индија се чести. Индиската железница е една од најголемите во светот и со неа секојдневно се превезуваат над 23 милиони патници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати