Најмалку 26.121 лице исчезнаа во Мексико за време на претходниот претседател Калдерон

Од:

Најмалку 26.121 лице исчезнале без трага во Мексико за време на мандатот на претходниот претседател Фелипе Калдерон, кој ја почна офанзивата против наркокартелите, покажуваат податоците на новата мексиканска Влада, објавени вчера.

Заменик-министерот за внатрешни работи Лиа Лимон, која е задолжена за човековите права, изјави дека листата на исчезнати е оставена согласно сведочењата на провинциските обвинителства во целата земја. Тие ги вклучуваат имињата на сите лица, кои исчезнале од која било причина за време на владеењето на Каледерон.

Бројот на исчезнатите за време на претходната влада беше предмет на спор изминатите недели. Откако Лимон објави дека нивната бројка е околу 27 илјади, член на владата на Калдерон изјави дека регистрите ги содржат имињата на само 5.319 лица.

Лимон изјави дека новата Влада на претседателот Енрике Пења Нието ќе истражи кои лица од листата биле цел на криминални дела, а кои исчезнале од други причини, како што се емиграцијата, семејни спорови или природни богатства.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори