Најмалку 25 Палестинци загинаа ноќеска во напади на израелската армија

Од:

Најмалку 25 Палестинци загинаа изминатава ноќ во ракетни и артилериски напади на израелските сили во Појасот Газа.

Како што соопшти портпаролот на палестинската служба за брза помош Ашраф ал Кидра, синоќа при ракетен напад во реонот на градот Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, загинале најмалку 13 Палестинци, а околу 40 се ранети.

Други 12 лица загинале во текот на ноќта во други напади низ целата територија на Појасот Газа.

Со најновите жртви, вкупниот број на загинати Палестиници од почетокот на израелската офанзива на 8 јули во Појасот Газа достигна 1.241, додека над 7.000 лица се повредени.

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

ВИДЕО: Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на Западниот Брег со наредба за затворање

Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ