Во центарот на Линкопинг, град во јужниот дел на Шведска денеска се одекна експлозија при што полесно се повредени 25 лица.
Причината за експлозијата се уште не е позната.
Не постојат индиции дека инцидентот е поврзан со тероризам, ние тоа не го гледаме, изјави портпаролката на полицијата Аса Вилсунд.
И претставник на спасувачката служба истакна дека не е позната причината за експлозијата, додавајќи оти полицијата треба да го истражи счучајот.
Според Шведското радио експлозијата оштетила прозорци и тераси на една петкатница, а штета претрпеле и зградите во близина.