Најмалку 24 луѓе починаа од токсичен алкохол во Индија

Од:

Најмалку 24 луѓе починаа откако конзумирале токсичен алкохол во индиската сојузна држава Мадја Прадеш.

Властите стравуваат дека е можно зголемување на бројот на жртвите, бидејќи според прелиминарната истрага, продадени се 50 шишиња со фалсификуван алкохол.

Во Индија распространета е нелегалната трговија со алкохол, бидејќи е многу поевтин од комерцијално произведениот алкохол.

Просечно илјада луѓе годишно во Индија умираат по конзумирање на незаконски дестилиран алкохол.

Би можело да ве интересира

Најмалку 17 загинати и над 170 исчезнати при уривањето на глечер во Индија

Индија: Зголемен бројот на починати од последното труење со нелегален алкохол