Во серија бомбашки напади во Ирак денеска загинаа 23 лица, а повредени се 83, соопштија официјални претставници.
Вкупно 15 напади се изведени во 13 градови во северниот, во централниот и во јужниот дел на Ирак.
Седум лица од едно семејство се убиени од експлозија на бомба во близина на нивниот дом во градот Мусајаб, јужно од Багдад.
Во градот Хила, 95 километри јужно од Багдад, загинаа две лица во експлозија на паркиран автомобил бомба во близина на конвој во кој се наоѓал и локалниот гувернер на покраината Бабил.
Три лица загинаа во неколку експлозии на територии каде има судир околу надложностите меѓу ирачките централни власти и Курдите во автономниот курдски регион.